За Настанот

Почитувани Колеги, пријатели и соработници

Ми претставува посебна чест и задоволство во името на Здружението на Лекари по општа-семејна медицина (ЗЛОМ-СМ) да Ве поканам на 6-от Конгрес и 26-от Симпозиум со меѓународно учество кои ќе се одржат од 15-18.05.2025 во хотел DoubleTree by Hilton Скопје.
Конгресот ќе се одржи под мотото „Дијагноза и превенција во семејната медицина -Патоказ кон иднината“.
Симпозиумот ќе биде насловен „Силата во рацете на семејниот лекар а посветен на сексуално преносливи инфекции“.
На Конгресот и Симпозиумот учество ќе земат еминентни домашни и странски предавачи. Ќе бидат споделени искуства и ставови во лекувaње, дијагноза и превенција на заболувања на ниво на примарна здраствена заштита, како и справување со сексуално преносливите инфекции особено кај младата популација.
Уверен сум дека на Конгресот и Симпозиумот ќе ги размениме нашите знаења, ставови и искуства, ќе ги споделиме новитетите и идеите, со визија и отвореност за сите наши очекувања во иднина, како и за подобрување на Семејната медицина во нашата земја.
Теми на Конгресот се:
1.Ризик фактори
2. Скрининг и превенција
3. Хипертензија со хиперлипидемија
4. Дијабет
5. ХОББ, АСТМА И БПХ
6. Стари лица
7. Полифармација и несакани реакции на лекови
8. Антибиотици
9.Мултиморбидитети
10.Слободни теми

Ви благодариме на вашата континуирана поддршка, со нетрпение Ве очекуваме на 6-от Конгрес и 26-от Симпозиум.

Со почит,

Д-р сци Драган Ѓорѓиевски
Претседател на ЗЛОМ СМ
Потпретседател на Европската Унија на
Семејни лекари (UEMO)